
„Не ме интересираат гренслем-титулите, Федерер е најдобар тенисер во историјата“
Циципас, кој во моментов е на 25. место на АТП-листата, кажа дека не го интересира кој освоил најмногу гренслем-титули, туку за него најдобар е Федерер.
„За мене најдобар тенисер во историјата е Федерер. Секако, јасно ми е дека не е играч со најмногу гренслем-титули, но тоа не ме интересира. Ме интересира влијанието кое го имаше во спортот“, кажа Гркот.