Србите се откажаа од лудата идеја и достоинствено ќе го дочекаат европскиот вицешампион

Фудбалскиот сојуз на Србија дефинитивно ја отфрли идејата, против Англија да игра на стадионот во Лесковац кој има капацитет од 8.000 места.

Таков беше планот на челниците на српскиот фудбал минатиот месец, а образложението им беше дека Англичаните потешко би се снашле на така мал стадион, со поголем притисок од трибините. Сепак, на сите им беше јасно дека вистинската причина за таа идеја се политичките немири во земјата чиј епицентар е Белград и ризикот да дојде до големи протести пред натпреварот.

На крајот, од ФСС се откажаа од лудата идеја и против Англија на 9 септември, Србија ќе игра на стадионот на Црвена Звезда. На истиот објект ќе ја пречека и Албанија на 11 октомври, па за Лесковац останува само дуелот со Летонија на 16 ноември.

Досега Србите одиграа четири натпревари во Лесковац и не доживеаја ниеден пораз. Ремизираа со Бугарија и Данска, а ги победи Швајцарија и Андора, но ниедна од овие репрезентации не може да се спореди со актуелниот европски вицешампион.