
Кралот пристигна: Наполи го претстави Де Брујне! (ФОТО)
Клубот од Неапол го претстави Белгиецот како ново засилување, најголемо за тимот во летниот преоден рок.
„Кралот Кев пристигна“, напиша Наполи на социјалните мрежи, неколку минути откако објавена фотографија од искусниот плејмејкер со сопственикот на клубот Аурелио де Лаурентис.
За Де Брујне тоа ќе биде прво искуство во Серија А откако една деценија помина во Манчестер Сити, а претходно играше и за Челси, Волфсбург, Вердер и Генк.