Почнува меѓународниот ракометен турнир „Марко Божиновски9“

Од денеска до недела ќе се одржи четвртото издание на меѓународниот ракометен турнир „Марко Божиновски9“ кој се одржува во чест на младиот ракометар, Марко Божиновски, кој прерано го загуби животот.

На турнирот ќе настапат репрезентации со играчи до 17 години. Македонија ќе има две селекции, „А“ и „Б“, а покрај нашата ќе играат и селекциите на Катар, Србија, Романија и Босна и Херцеговина.

Отворањето на турнирот ќе биде денеска во 18 часот на игралиштето „Марко Божиновски“. Половина час по свечената церемонија ќе почне мечот меѓу Македонија А и Катар (18:30). Во вечерниот термин е средбата меѓу Србија и Романија.

Во продолжение може да го погледнете комплетниот распоред.

Меѓународниот турнир има и хуманитарниот дел, на 14 јуни ќе се реализира и крводарителска акција.