
Мурињо го убедува Нејмар да се пресели во Фенербахче!?
Фенербахче му понудил на Нејмар враќање во Европа како одговор на трансферот на Лерој Сане во Галатасарај, „жолтите канаринци“ не сакаат да бидат во сенка на лутиот градски ривал.
Галатасарај оваа недела предизвика фудбалско лудило во Турција откако успеа да го убеди Лерој Сане да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во Истанбул, повеќе од еден милион луѓе он-лајн го следеа летот на Германецот.
Популарните „лавови“ сакаат да донесат уште неколку звучни имиња, се споменува и ангажман на Хакан Чалханоглу од Интер, а се работи и на останување на Виктор Осимен.
Фенербахче не сака да биде во сенка на лутиот градски ривал, па сака да одговори на соодветен начин.
Последните информации велат дека „жолтите канаринци“ оствариле контакт со Нејмар и му понудиле можност да се врати во Европа.
Детали од предлогот не се откриваат, но се говори за дарежлив едногодишен договор со опција истиот да биде продолжен за 12 месеци.
Кариерата на Нејмар е во надолна линија по неславната авантура во Саудиска Арабија, но Бразилецот е доволно звучно име да ги крене на нозе навивачите во Турција.
ФОТО: X/Santos FC