Панатинаикос за 48 часа го победија шампионот во Евролигата, а потоа и лидерот!
Откако пред само два дена го победија актуелниот шампион Фенербахче среде Истанбул со 81-77, денеска грчкиот тим го најде лекот и за лидерот Хапоел Тел-Авив.
Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс одигра нешто повеќе од 13 минути на овој натпревар, запиша шест поени, имаше еден скок и две асистенции.
Најдобар кај Панатинаикос беше Нан со 19 поени, Осман реализираше 17. Во составот на Хапоел, Енис даде 16 поени.
Во другите натпревари кои се одиграа денеска Реал Мадрид со 95-90 го совлада Париз, Фенербахче со 87-72 победи на гостувањето кај Милано, а Макаби Тел Авив со 85-82 славеше над Валенсија.