Пораз кој не боли: Шкендија оди во нокаут фазата од КЛ!
Шкендија испиша историја, стана првиот македонски тим кој ќе има европска пролет, прва екипа која ќе игра во нокаут фаза од едно европско натпреварување.
Во првото полувреме од мечот со АЕК, Шкендија прими гол во 43. минута, но погодокот на Ивановиќ беше поништен поради офсајд со помош на ВАР.
По осум минути игра во вториот дел се случи пех за Шкендија, Латифи поради опасен старт доби црвен картон, македонскиот тим остана со играч помалку.
Шкендија долго одолеваше на нападите на АЕК, но бедемот попушти во финишот. Ангиелски во 83. минута даде гол за победа на кипарскиот тим.
И покрај поразот Шкендија благодарение на останатите резултат се задржа на позиција која води во нокаут фазата.
Македонскиот тим со две победи, едно реми и три порази финишираше на 22. место на табелата.