Шкендија ги дозна можните ривали за нокаут фазата од КЛ!
Шкендија настапот во лигашкиот дел го заврши на 22. место, а тоа значи дека ќе игра со 11. или со 12. тим на табелата. Тоа се Лех Познан од Полска и Самсунспор од Турција.
Една од овие две екипи ќе биде противникот на Шкендија во нокаут фазата.
А кој ќе биде, ќе се знае на 16 јануари кога ќе биде извршена ждрепката.
Мечевите се играат на 19 и 16 февруари, Шкендија не е носител, па првиот меч ќе го игра на домашен терен.