РФМ прави промена во системот на натпреварување за следната сезона

Ракометната федерација на Македонија планира да направи значајна промена во Суперлигата за наредната сезона, ќе се менува правилото за внесување на бодовите во плејофот и плејаутот, пишува „МКДХендбол“.

Со досегашното правило првопласираната екипа во регуларниот тек пренесуваше само еден бод предност во однос на вториот и третиот на табелата во плејофот, исто беше и во плејаутот. 

Според предлогот на РФМ ова правило ќе биде променето од следната сезона, веќе ќе нема пренесување на ваков начин, туку сите тимови си ги пренесуваат бодовите кои ги собрале во регуларниот тек од Суперлигата.

Промената е предвидена со цел да биде пофер односот за тимот кој доминирал во текот на регуларниот тек од сезоната и доколку остварил повеќе бодовна разлика, да може со поголема предност да влезе во плејофот. Истото ќе се однесува и за плејаутот.

За предлогот допрва треба да гласаат клубовите, се предвидува дека ќе помине без негодувања, а ќе се аплицира веќе од наредната сезона.