Олееееееее - Јунајтед го стаписа ПСЖ среде Париз! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед во драматичен меч успеаа да го совладаат ПСЖ со 3-1 и благодарение на повеќе голови на гостински терен (првиот меч го доби ПСЖ со 2-0) тие се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ одлично го почна мечот во Париз, откако во втората минута Ромелу Лукаку постигна гол за водство на неговата екипа, по грешката на одбраната на парижаните.

Десет минути подоцна Хуан Бернат доби одлична асистенција од Килијан Мбапе, па ја затресе мрежата на Давид де Хеа. Сепак, Јунајтед повторно стигна до предност во 30. минута, откако Ромелу Лукаку направи аматерска грешка, па тоа го казни Лукаку, кој погоди за 2-1.

Во второто полувреме се водеше мачна битка меѓу двете екипи, па речиси и да немаше никакви шанси, барем до финишот, кога ВАР-технологијата го реши мечот и „ѓаволите“ добија пенал, од кој успешно стрелаше Маркус Рашфорд за конечни 3-1 и пласман во четвртфиналето.