Навивачите на Абердин со снежни топки фрлаа по голманот на Хелсинки и за момент го прекинаа мечот! (ВИДЕО)

Миовски од клупата гледаше сеир каков што не може да се види често, неговите навивачи правеа снежни топки и фрлаа по голманот на Хелсинки.

Абердин веќе ги имаше загубено шансите за нокаут фазата, па Миовски не беше стартер на мечот, во игра влезе дури во 86. минута. Дуелот заврши 2-2.

Во еден момент судијата мораше да го прекине натпреварот бидејќи навивачи на шкотскиот тим почнаа со снежни топки да флраат по домашниот голман. Нешто што не може да се види често.