
Милер го девалвира успехот на Роналдо: Само Холандија и Португалија сериозно ја сфаќаат Лигата на нации
Португалците по вторпат триумфираа во ова натпреварување, но за Милер тоа нема големо значење во светот на фудбалот.
„Само Холандија и Португалија сериозно ја сфаќаат Лигата на нации“, изјави фудбалерот кој неодамна се прости од Баерн, а од лани не игра за германската репрезентација.
И покрај тоа што не може да се спореди со европско или светско првенство, Лигата на нации реално го собира целиот континентален фудбалски крем. Во последното издание, од елитните репрезентации не играше само Англија, но и покрај тоа Лигата на нации претставува мини-европско првенство со интересен систем на натпреварување.