
Атаман потврди: Потпишавме со Ти-Џеј Шортс!
Веќе имаше гласини дека Ти-Џеј Шортс е мета на Панатинаикос, а сега Атаман даде официјална потврда дека работата е завршена.
Тој го потврди потписот на македонскиот репрезентативец и објасни дека нема да го ангажираат Василије Мициќ за кој исто така имаше шпекулации.
„Го потпишавме Ти-Џеј Шортс. Василије Мициќ сакаше да се врати во Европа, но невозможно за нас е да го потпишеме него“, рече Атаман.
Фото: EPA