
Реал со 34 фудбалери патува во САД, на списокот и засилувањата и повредените
На него има вкупно 34 играчи, меѓу кои и новите засилувања Дин Хујсен и Трент Александер Арнолд, како и десет играчи од академијата. Освен нив, тука се и фудбалерите кои поради повреди не играа пред крајот на сезоната, како Ферлан Менди, Антонио Ридигер, Ендрик, Едуардо Камавинга, Дани Карвахал и Едер Милитао. Последните двајца во меѓувреме почнаа со тренинзи по долгата пауза, но прашање е колку се подготвени за настап.
На Светското клупско првенство, Реал е во групата Х, заедно со Салцбург, Пачука и Ал Хилал, а првиот натпревар го игра на 18 јуни против тимот од Саудиска Арабија.