
Полскиот селектор поднесе оставка по судирот со легендарниот Левандовски!
Оставката доаѓа по судирот со капитенот Роберт Левандовски, кој претходно се повлече од репрезентацијата поради психичка исцрпеност, по што беше лишен од капитенската лента од страна на Пробјеж. Односот меѓу селекторот и 36-годишниот напаѓач на Барселона се влоши кога тој најави дека нема да настапува за националниот тим сè додека Пробјеж е на кормилото. Напнатата ситуација кулминираше по поразот од Финска, кога се засилија шпекулациите за можната смена на селекторот.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, Цезари Кулеша, се обиде да ја смири состојбата и изрази доверба во Пробјеж, но тоа не беше доволно да се избегне неговата оставка. Официјалното соопштение не открива дали имало директен разговор со Левандовски, но заминувањето на Пробјеж создава услови за можен камбек на најдобриот стрелец во историјата на Полска (85 голови во 158 настапи).
Пробјеж ја водеше Полска од септември 2023 година и ја предводеше на Европското првенство 2024.
ФОТО: EPA FOTO