Лудо: Преку 1.100.000 фанови на Галатасарај го следеа летот на Сане до Истанбул! (ФОТО)

Лерој Сане ноќеска пристигна во Истанбул каде во текот на денешниот ден треба да го комплетира трансферот во Галатасарај, тој таму оди како слободен играч откако му заврши договорот со Баерн Минхен.

Меѓу навивачите на Галатасарај има невидена еуфорија поради трансферот на Сане. Доказ за тоа е дека повеќе од еден милион фанови на турскиот клуб го следеле летот на фудбалерот преку јутјуб.