
Партизан го распарчи Будуќност за нова титула во АБА-лигата
Првата четвртина ја одбележа голема борба од двете екипи (26-26), додека вториот дел подобар почеток имаше Будуќност кој поведе со 29-26, по што Партизан успеа да направи пресврт и да замине на полувреме со 48-44.
Партизан ја контролираше играта во второто полувреме, додека Будуќност не успеа да фати приклучок, па во последните 10 минути со предност од +11 (70-59) влегоа „црно-белите“.
Српскиот гигант доминираше и во последната четвртина, каде што водеше со +21 (88-67), но на крајот триумфира со 90-75. Браун беше најефикасен кај Партизан со 18 поени, два скокови и три асистенции, додека Ферел запиша 23 поени, еден скок и пет асистенции за Будуќност.
Партизан се искачи на првото место по број на титули и има вкупно осум, односно една повеќе од Црвена Звезда.
Фото: KK Partizan