
Енрике најави напад на титулата на клупското СП: Сакаме сезоната да ја завршиме со стил!
ПСЖ има извонредна сезона со пехари во Лига 1, францускиот Куп и ЛШ, а сега го сака и четвртиот пехар.
„Сакаме да ја завршиме сезоната со стил, со шлаг на тортата“, кажа Енрике и најави напад на трофејот.
Светското клупско првенство ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули во САД, а ПСЖ првиот меч го игра против Атлетико Мадрид на 15 јуни од 21 часот.
Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain