Вардар го започна вториот дел од подготовките, Раденци е базата на црвено-црните

Фудбалерите на Вардар го започнаа вториот дел од подготовките кој ќе се одвива во словенечкиот град Раденци.

Избраниците на Гоце Седлоски во Словенија ќе одиграат четири контролни натпревари против Будуќност на 17 јуни, четири дена подоцна е закажан натпреварот со Олимпија Љубљана, потоа против Рапид Букурешт на 24 јуни за во последниот тест вардарци да ги одмерат силите со Марибор на 28 јуни.

На располагање Седлоски ги има сите фудбалери освен: Роџер Мато, Данел Донгмо и Фаустин Сенгхор кои треба да се приклучат во наредните денови.