Зајков ја напушти Романија – замина на печалба во арапскиот фудбал!

Maкедонскиот фудбалер Ѓоко Зајков откако ја напушти Романија и екипата на Универзитатеа Крајова одлучи да продолжи во Обединетите Арапски Емирати во дресот на Ајман.

Во Ајман Зајков пристигнува по три сезоно поминати во романскиот фудбал.

Искусниот дефанзивец во својата кариера претходно настапуваше за: Работнички, Левски Софија, Славија Софија, Шарлоа и Ворскла од Украина.

Зајков е и стандарден репрезентативец на Македонија, а беше и еден од најистакнатите во ремито со Белгија и победата над Казахстан во последниот циклус од квалификациите за Светското првенство.