
Сампдорија доби шанса да се спаси од најголемиот срам во својата историја
Како резултат на тоа, Сампдорија доби шанса да се спаси од најголемиот срам во својата историја - испаѓање во Серија Ц. Во конечниот пласман во италијанската втора лига, сега се наоѓа на 17. место и за опстанок ќе се сретне со Салернитана.
Натпреварите ќе се играат на 15 и 20 јуни, но каква конфузија владее во италијанскиот фудбал, најдобро зборува тоа што не е исклучено тие два дуела да немаат никакво значење на крајот, ако биде прифатена жалбата на Салернитана чие раководство тврди дека нема потреба од бараж поради обновената табела по елиминацијата на бреша.