Грилиш на излезна врата од Сити, Гвардиола не го носи на Светското првенство

Едно од најскапите засилувања во историјата на Премиер лигата, Џек Грилиш по се изгледа ги брои последните денови како фудбалери на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ ќе учествуваат на Светското клупско првенство во САД, а фудбалерот кој пред четири години беше платен 117 милиони евра ќе остане дома, веројатно во потрага по нов клуб. Тој не беше во тимот на Сити во последното коло од Премиер лигата и уште тогаш можеше да се претпостави дека се ближи крајот на неговиот престој во Сити, но последната одлука на менаџерот е конечна потврда за тоа.

За разлика од Грилиш, за САД ќе патуваат трите нови засилувања кои клубот ги промовија последната недела: Рејндерс, Шерки и Аит-Нури.