Македонија У17 во група со Шпанија во квалификациите за ЕП 2019

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години денеска е во очекување на противниците во елитните квалификации што треба да се одиграат оваа пролет за пласман на Европското првенство во Англија, што ќе се одржи од 4 до 20 мај 2018 година. Утринава беше извршена ждрепката за следниот квалификациски циклус, па Македонија ги доби своите противници против кои ќе се бори за пласман на ЕП во Ирска 2019 година.

Македонија се најде во групата 4, заедно со фаворитот Шпанија, потоа Израел и Фарски Острови. Засега не е утврден домаќинот на квалификацискиот турнир, по кој првите две репрезентации ќе обезбедат место во елитните квалификации на пролет во 2019 година. Овие натпревари од првата квалификациска фаза треба да се одиграат во есента 2018 година.