Линекер: Време е Саутгејт да го напушти кормилото на Англија!

Англија повторно ги разочара навивачите откако загуби во финалето против Шпанија на Европското првенство (ЕП), а нивниот настап го коментираше легендарниот англиски напаѓач Гери Линекер.

Линекер кажа дека е време селекторот Герет Саутгејт да го напушти кормилото на Англија, а како идеално решение го избра Пеп Гвардиола.

„Мислам дека Пеп е идеално решение за нашата репрезентација. Ни треба тренер кој негува модерен и напаѓачки фудбал. Мислам дека играта напредуваше и не можеш да бидеш успешен ако си дефанзивен тренер“, кажа Линекер.