Татко на фудбалер го гаѓал тренерот со чадор зашто по 20 минути го заменил син му!

Една од главните вести деновиве во фудбалска Европа е натпреварот меѓу Цирих и аматерскиот тим Зиг во Купот на Швајцарија, во кој фаворитот лесно победи и во кој на крајот се случи голем инцидент.

Во центарот на скандалот беа тренерот на Цирих, Рикардо Мониз, младиот напаѓач Лабинот Бајрами и - неговиот татко. Предводникот на прволигашот во 80. минута од натпреварот го извади од игра Бајрами и тоа само 18 минути откако го внесе во игра. Тој беше незадоволен од неговиот пристап на теренот и реши да го понижи. Фудбалерот беше бесен поради ваквата одлука и му упати пцовки кога поминуваше крај својот тренер.

Но, тоа не беше се. Од овој потег му се стемни и на таткото на фудбалерот, кој во живо го следеше натпреварот од трибините. Во еден момент, чадор прелета неколку сантиметри покрај главата на тренерот Мониз, а кој беше упатен од таткото на 19-годишниот напаѓач. Обезбедувањето веднаш реагирало и го тргнало бесниот родител од трибините.