Каталонските медиуми го „пецнаа“ Реал по пласманот во финале (ФОТО)

Реал Мадрид вчеравечер во реванш-дуелот во полуфиналето од Лигата на шампиони против Баерн Минхен (2-2) со вкупни 4-3 се пласираше во финалето во Киев.

Реал имаше многу среќа, а неколку контроверзни моменти во средбата беа пресудни за елиминацијата на Баварците. Една од нив беше играњето со рака на Марсело во казнениот простор, а тоа не беше доволно судијата да покаже на белата точка.

Делот од спортските медиуми во Шпанија, како „Марка“ и „Ас“ пишуваат за третото финале по ред на Реал Мадрид, но од друга страна „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ ги критикуваа „кралевите“.

„Мундо Депортиво“ наместо „Ел Класико“, објасни наслов „Ун Класико“, односно во превод значи „класика“, со што сакаше да го „пецне“ Реал дека и оваа година имале многу среќа и помош од судиите.

„Спорт“ напиша „Аси, аси, аси, гане ел Мадрид“, односно во превод „Вака победува Мадрид“ и додаде два важни ситуации, поточно недосудениот пенал по играта на Марсело со рака, а потоа „подарокот“ од Улрајх за Бензема.