Јунајтед го „доби“ вториот фудбалер во полуфинале на ЛШ од 2011 година!

Англискиот гигант Манчестер јунајтед игра очајно и оваа сезона, но „доби“ фудбалер кој ќе настапи во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ). Тоа е протераниот Џејдон Санчо кој минатата зима замина на позајмица во Борусија Дортмунд.

Тренерот Ерик Тен Хаг го избрка Санчо од клубот, а интересно е тоа што Англичанецот стана втор фудбалер кој ќе биде дел од полуфинале на елитното натпреварување од 2011 година, откако претходно тоа му успеа на Хавиер Ернандез Чичарито со Реал Мадрид.

„Црвените ѓаволи“ до завршницата во ЛШ немаат стигнат од 2011 година кога играа финале против Барселона.