Јамал последен се смее: Шпанецот одговори на провокацијата на Рабио! (ВИДЕО)

По последниот судиски свиреж, Ламин Јамал имаше што да му каже на Адриен Рабио кој упати провокација за младиот шпански фудбалер на прес-конференцијата пред мечот.

Пред денешниот дуел Рабио изрази сомнеж во тоа дека Јамал може да биде на врвно ниво на големи натпревари.

„Видовме дека располага со голем квалитет и знае да се носи со притисокот. Подготвен е да игра на високо ниво. Но полуфинале на големо натпреварување е нешто сосема друго. Исто така и ние ќе го ставиме под дополнителен притисок, нема да му дозволиме да биде комфорен и ќе му покажеме дека треба да понуди многу повеќе ако сака да игра финале“, рече Рабио пред мечот.

Јамал веднаш потоа објави енигматична порака на социјалните мрежи.

„Молчи и работи, зборувај само кога ќе дојде време да кажеш „шах-мат““, гласеше објавата на Јамал пред мечот.

А откако Шпанија победи, а Јамал даде гол и направи и повеќе од тоа што го правеше претходно, ја искористи можноста да му се насити на Рабио.

„Зборувај сега, зборувај сега“, викаше Јамал во камерата.