ПСЖ со двојно поголема плата ѝ го краде Вилијамс на Барселона

Шпанскиот вицешампион Барселона беше на чекор од потпис со репрезентативецот Нико Вилијамс, се додека на сцена не стапи ПСЖ.

Вчера медиумите во Каталонија објавија дека Барса ги договорила личните услови со 22-годишниот крилен играч, но понудата на „светците“ е двојно повисока кога станува збор за платата на фудбалерот. Тоа може да го однесе Вилијамс во Париз, место во Каталонија ако тој ја прифати понудата од францускиот првак.

Јасно е дека Барселона ја нема финансиската моќ на ПСЖ, особено откако четата на Луис Енрике остана без Килијан Мбапе на кого одеа околу 200 милиони евра годишно.