Рајс погоди против „својата“ Ирска, но не го прослави голот (ВИДЕО)

Англија води со 2-0 против Република Ирска по првите 45 минути во првиот меч од новото издание во Лигата на нации, а првиот гол беше дело на Деклан Рајс.

Рајс погоди против својата поранешна репрезентација, но реши да не го прослави голот и така ги воодушеви навивачите на Ирска.

Фудбалерот на Арсенал има три настапи за Република Ирска во 2018 година, по што следната година го облече дресот на Англија.