Мајсторија на Руни од слободен удар за легендите на Јунајтед (ВИДЕО)

Легендите на Манчестер јунајтед и Селтик одиграа меч пред 32.000 гледачи, а на крајот до победата стигна шкотскиот тим по пенали со 5-4, но мечот ќе се памети и по мајсторијата на поранешниот фудбалер Вејн Руни.

Руни во 28. минута постигна спектакуларен гол од слободен удар од 20 метри и така ги воодушеви навивачите кои беа на трибините.

Селтик потоа преку Гари Хупер во 62. минута израмни на 1-1, а потоа на пенали го расплака англискиот тим.