Англија со три бода си замина од Даблин, Грузија ја прегази Чешка (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни уште неколку натпревари од првото коло во новото издание на Лигата на нации, а победа оствари Англија против Република Ирска со 2-0 и Грузија против Чешка со 4-1.

Англичаните до победата стигнаа со два гола во првото полувреме, откако најпрво погоди Деклан Рајс во 11. минута, а потоа стрелаше и Џек Грилиш во 26. минута за триумф од 2-0.

Грузија поведе со погодокот на Кварацхелија во 33. минута од пенал, а потоа во листата на стрелци се запишаа и Чакветаѕе, Микаутаѕе и Кочорашвили, додека гол за Чешка постигна Калвач во 80. минута.

Во Лига Ц до победа стигна Ерменија против Летонија со 4-1, додека Молдавија славеше со 2-0 против Малта.