Вардар убедлив против Еуромилк, сигурни победи и на Шкендија, Шкупи и Гостивар

За време на репрезентативната пауза со цел да останат форма македонските екипи викендов играа пријателски натпревари.

Екипата на Вардар во една скопска пресметка во Лисиче го победи тимот на Еуромилки со убедливи 0-4. Сите голови од овој натпревар беа постигнати во првото полувреме од средбата. Во вториот дел тренерот Захариевски направи промени во тимот меѓутоа црвено-црните и така ја задржаа високата предност. Головите беа дело на Омерагиќ, Закариќ и Николовски.

Шкендија со убедливи 1-3 ја совлада Беса, а погодуваа Јакупи, Ибраими и Рамадани. Алими го постигна единствениот гол за Беса.

Шкупи немаше проблем со Арсими и без примен гол оствари триумф од 0-3. Стрелци за клубот од Чаир беа Кадриу, Јумеми и Тамба.

Убедлив беше и Гостивар кој беше подобар од Македонија Ѓорче Петров со 4-1. Во овој натпревар во листата на стрелци се запиша и Набил Дирар кој како големо засилување пристигна во Гостивар пред почетокот на оваа сезона.

Силекс гостуваше во Штпип кај Брегалница и забележа триумф од 1-2. На победа се радуваше и Тиквеш против Победа со 0-4. Два постигна Бразилецот Витор, а по еден постигнаа Леонардо и Маневски.