Бисинов во драматичен натпревар ја изненади Струга

Eкипата на Бисинов приреди изненадување во рамките од првото коло од ракометната Суперлига и славеше победа нагости кај Струга со 30-31.

Струга можеби влезе како благ фаворит во натпреварот, но на теренот гледавме изедначена игра, а новиот прволигаш покажа дека има квалитет да се натпреварува со екипите од најсилното друштво.

Во првото полувреме Струга стигна и до предност од 14-10, меѓутоа до паузата ракометарите на Бисинов намалија на два разлика (16-14).

Второто полувреме донесе вистинска драма, Струга почесто беше во предност од еден гол, па така се влезе и во неизвесна завршница.

Победничкиот гол за Бисинов беше дело на Стојановски, но мора да се истакне и одбраната на Паунов. Илиев за Бисинов постигна десет гола, додека на спротивната страна Јанкуловски постигна осум.

Претходно денес во првиот натпревар од сезоната Бутел славеше убедлива победа против МРК Куманово (29-12).