Синот и таткото некое време ќе бидат одвоени – Брони Џејмс испратен во Џи-лигата!
Тој сезонава одигра неколку натпревари за Лос Анџелес Лејкерс, тимот каде настапува и неговиот татко Леброн, но сега ќе бара поголема минутажа во екипата на „езерџиите“ во развојната лига.
Брони во четири меча во НБА имаше просек од еден поен за 3,3 минути игра, а неговиот трансфер во Џи-лигата беше најавен уште во октомври. Промената беше планирана пред серијата од пет гостувања на Лејкерс, а сега конечно е реализирана.