Како „кралот“ падна на колена пред Македонец – сите поени на нашиот Нено против Реал (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, го одигра својот најдобар натпревар досега во Евролигата, откако синоќа постигнува 22 поени во победата на Олимпија Милано над Реал Мадрид (85-76) во меч од 8. коло од најсилното европско клупско натпреварување.

Популарниот Нено особено блескаше во првото полувреме, кога запиша 15 поени, од кои 10 беа во втората четвртина, надополнети со една асистенција. Неговата извонредна игра во оваа фаза се покажа клучна за водството и победата на италијанскиот тим против фаворизираниот Реал. Во второто полувреме, Нено додаде уште седум поени, демонстрирајќи ги своите квалитети и потврдувајќи ја својата важност за тимот на Олимпија Милано.

Во продолжение, уживајте во сите поени на Димитријевиќ, кој со ова постави личен евролигашки рекорд.