Челси се истури на Ноа и го сруши рекордот во Конференциската лига
Досегашниот рекорд го држеа Нордсјиланд против Лудогорец (7-1), Фиорентина против Чукарички (6-0) и Ајнтрајт против Хелсинки (6-0), но од синоќа рекордер е тимот од Лондон. Челси со 8-0 го совлада ерменскиот претставник Ноа, во земјава познат по тоа што во квалификациите ја елиминира Шкендија. Рекордот го израмни уште во првото полувреме, поточно во периодот од 12. до 41. минута кога постигна шест гола, а во вториот дел само го комплетира историскиот настап.
Конференциската лига постои од 2021 година, европските гиганти не се многу заинтересирани за настап во неа и обично играат со помлади фудбалери или играчи кои немаат поголема минутажа на првенствените дуели, но во Челси и тие сериозно го сфатија предизвикот и ја наполнија мрежата на Ноа.