Уште едно вајарско „ремек-дело“ - Новак Ѓоковиќ не може да се препознае (ВИДЕО)
Вајарот Борис Страпарац од Кикинда по една година работа, направил скулптура на српскиот тениски ас. Висок е околу 2,5 метри, изграден од моделиран бетон, а во рацете држи рекет и крст. Ликот не може да си го прознае ни самиот Ѓоковиќ.
„Не само што споменикот дише, туку и се чувствува големата љубов кон Новак, пратеник на нашиот нарок кој не претставува во светот такви какви што сме. Побожни, полни со енергија, мирни, со работни чувства во себе бидејќи само така можеме да го победиме невозможното.
Веќе знам каде би требало да биде поставен. Сите ние сме поврзани со некои небесни сили, тој некој ќе дојде по него. Ако и остане кај мене, желбата ми е еден ден мојот двор да стане музеј на скулптури и тука ќе му биде местото“, изјави Страпарац.
Засега уште не е позната реакцијата на Ѓоковиќ и дали тој воопшто видел како изгледа скулптурата за која се вели дека го претставува него.