Ерменија ја прегази Летонија и се загреа за гостувањето во Македонија

Фудбалерите на Ерменија триумфираа со убедливи 4-1 против Летонија на стартот на Лигата на нации.

Ерменија до водство стигна во шестата минута со голот на Бичакчјан, а само три минути подоцна Харутунјан си постигна автогол (1-1).

Мрежите мируваа до крајот на првото полувреме, а потоа стрелаа Зеларајан и Сперсијан за конечни 4-1.

Ерменија следниот предизвик го има во Скопје против Македонија на 10 септември.