„Не смее капитен на репрезентацијата да не ја пее химната!“

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски не го криеше незадоволството по разочарувачкото реми на Македонија на стартот новото издание на Лигата на Нации против Фарски Острови (1-1).

Ивановски својот револт од она што се случува во македонската фудбалска репрезентација и играта на теренот го изнесе преку социјалните мрежи.

Дресот на македонската фудбалска репрезентација Ивановски го носеше на 27 натпревари во кои постигна и еден гол.

Оваа сезона Ивановски се врати во македонскиот фудбал и го носи дресот на битолски Пелистер.