Мекгрегор му фаќа сеир на Хабиб: Ќе ти ја купам куќата за да вршам нужда во неа

Некогашниот светски првак во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов е под истрага на руските власти поради затајување данок и неплатени 3,4 милиони евра поради што му се одземени домот и луксузните автомобили.

На таквата ситуација сеир му фати големиот ривал од октагонот Конор Мекгрегор кој му испратил навредувачки пораки на Хабиб. Пораките некако излегоа во јавност, а содржината е во најмала рака дегутантна.

„Брате, тукушто вложив во купување на твојата семејна куќа од Владата бидејќи ти не може да си ја дозволиш. Планирам големо смрдливо ирско ср*ње. Те напушти семејството, а јас ти ја земам куќата за да вршам нужда во неа. Каде ти е тоалетната хартија?“, му напишал Мекгрегор на Нурмагомедов.

Двајцата беа големи ривали од времето додека Дагестанецот беше активен УФЦ борец. И тогаш, а и подоцна, не бираа зборови кога се навредуваа јавно.