Немаше кој да даде гол во Торшавн: Срамно реми на Македонија кај Фарски Острови! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација со реми против Фарски Острови го стартуваше новото издание во Лигата на Нации, па така уште од стартот си создадовме проблеми во исполнување на целта која си ја поставивме, а тоа е првото место во групата.

Лошо го започнавме натпреварот бидејќи домаќинот по само девет минути дојде до предност. По еден корнер Иљазовски имаше туркање во шеснаесетник кое за судијата на теренот, но и за оние во ВАР собата беше доволно за да има најстрога казна. Најстрогата каза во гол за водство ја претвори деванзивецот Давидсен.

Тргна Македонија по израмнување и голема прилика десет минути по голот на домаќините пропушти Дарко Чурлинов кој имаше скоро празен гол пред себе, но го погоди противничкиот дефанзивец.

До крајот на првиот дел Митровск иимаше еден обид од далечина, меѓутоа резултатот и тогаш не се промени.

Само што започна вториот дел во 49. минута главниот судија покажа нов пенал, сега за нас. Соборен во шеснаесетникот на домашната селекција беше Алими. Енис Барди не пропушти да реализира и погоди за израмнување.

Од тој момент ние бевме подобрата репрезентација на теренот, Чурлинов одново влезе во 100% прилика, но сега од непосредна близина неговиот удар го одбрани Рејнатрод. Со удар се закани и Миовски кој потоа во улога на асистент одлично го пронајде Ќамили, но фудбалерот на дански Сондерјиске шутираше лошо над голот.

За три дена во Скопје на домашен терен ќе бидеме домаќини на Ерменија во рамките од второто коло.