Познато кога Ѓоковиќ ќе го почне походот по олимпиското злато

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на првиот ден од тенискиот турнир на Олимписките игри ќе се соочи против Метју Ебден на 27 јули.

Организаторите ѝ дадоа предност на Ига Швјонтек која ќе игра против Ина Камела Бегу, а веднаш потоа ќе почне мечот меѓу Ѓоковиќ и Ебден, односно се очекува тоа да биде околу 13.30 часот.