Пелистер со пресврт го освои Кавадарци, Охрид го распарчи Радовиш

Македонскиот шампион Пелистер со победа против Тиквеш од 31-27 ја почна сезоната во ракометната Суперлига, додека до триумф стигна и Охрид на гостувањето кај Радовиш со 36-18.

Тиквеш имаше добар почеток на натпреварот и создаде предност од 8-4, но Пелистер не му дозволи на ривалот дополнително да ја зголемува разликата и на полувреме замина со негатива од два гола (15-17).

Пелистер го отвори второто полувреме со серија од 6-0 за целосен пресврт (21-17) и на некој начин направи исчекор кон победата, по што Тиквеш не успеа да го загрози водството на гостинскиот тим и загуби со 31-27.

Репрезентативецот Пешевскк со осум погодоци беше најефикасен кај Пелистер, додека Здравко Постолов постигна седум гола за Тиквеш.

Охрид одигра одличен меч на гости кај Радовиш и славеше со убедливи 36-18, додека Прилеп и Пролет ремизираа (30-30).