МЗТ го прегази ТФТ за прв трофеј во новата сезона!
МЗТ имаше одличен почеток на мечот и ја доби првата четвртина со 23-14, додека водството до полувреме го зголеми на +16 (41-25).
ТФТ не успеа да го возврати ударот во вториот дел, односно МЗТ продолжи да доминира на паркетот и да го зголемува водството до конечни 81-56.
Андреј Магдевски беше најефикасен кај шампионот со 15 поени, седум скокови и четири асистенции, додека Георги Зафиров постигна 11 поени, еден скок и една асистенција за ТФТ. За МВП на турнирот беше прогласен кошаркарот на МЗТ Скопје, Марин Петков кому следната сезона ќе му биде втора во редовите на шампионот.
Во дуелот за трето место славеше Работнички со 89-80 против Кожув. Најдобар во победничкиот тим беше Стојан Ѓуровски со 17 поени, три скока и две асистенции, додека Фран Пилепиќ постигна 19 поени, три скока и четири асистенции.