Ѕвезда на Манчестер сити сака да замине поради - временските услови во Англија!

Англискиот шампион Манчестер сити би можел да остане без услугите на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез, кој побарал трансфер поради причина која за многумина е бизарна.

Новинарите откриваат дека Аргентинецот сакал да замине од клубот поради тоа што не му се допаѓале временските услови во Англија.

Алварез и неговото семејство сакале потопла клима и поради тоа сакал да замине од „Итихад“, меѓутоа најверојатно една од причините е и тоа што Аргентинецот бара поголема минутажа од Пеп Гвардиола.

Аргентинецот во изминатиот период го поврзуваа со ПСЖ и Челси, но постои голем интерес и од Атлетико Мадрид.