Победнички старт за Барди и Трабзонспор во Лига Европа

Трабзонспор славеше на првиот меч против Ружомберок со 2-0 во квалификациите за Лига Европа.

Трезеге во 39. минута ја затресе мрежата на ривалот од Словачка, додека победата ја потврди Чанак во првата минута од судиското надополнување на вториот дел.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше дел од победата и одигра 82 минути, по што беше заменет.