Гатузо дебитираше со победа, Војводина не издржа против Ајакс

Италијанскиот стручњак Џенаро Гатузо имаше победничко деби на клупата на Хајдук откако со својот тим славеше против Торшавн во првиот меч од второто квалификациско коло за Конференциската лига.

 

 

На Пољуд, Хајдук триумфираше со 2-0, но можеше многу да оствари многу поубедлива победа и помирно да го дочека реваншот на Фарски Острови. Двата гола беа постигнати во првото полувреме, отвори Уремовиќ во 19. минута, а потоа погоди и Ливаја од пенал.

 

 

Од тимовите од просторите на поранешна Југославија, Војводина одигра добар меч на гости кај Ајакс во Лигата Европа, беше пред реми, но не издржа во финишот. Голот за победа од 1-0 на славниот холандски клуб го постигна Ван ден Бомен во 86. минута.