Судијката која имаше секс со делегатот сега продава жешки фотки за – едно евро (ФОТО)

Турската фудбалска судијка, Елиф Карарслан, која беше доживотно суспендирана откако се појави снимка како има секс со делегатот пред натпревар, сега продава ексклузивна содржина (жешки фотки) за само - едно евро

Таа изјави дека видеото направено со вештачка интелигенција и дека не е реално и најави жестока борба за да го докаже тоа.

„Имам долг пат пред мене, но ќе го надминам. Тоа што го правам не е да плачам, да врескам и да бидам тажна. Ќе се борам за себе до крај. Јас сум само една од бројните жртви, а се надевам и последната“, изјави Карарслан.

Елиф е родена во 2000 година во Истанбул, а фудбалската кариера ја започна во Бешикташ, но тешката повреда ја принуди да се пензионира. Таа не се откажа од најважната споредна работа на светот и во 2020 година го судеше својот прв натпревар, а потоа целосно се посвети на оваа работа.

За да собере пари за судиската постапка сега реши да продава ексклузивна платена содржина на Инстаграм по цена од едно евро месечно, но не сакаше да открие за што точно се работи, па претплатниците ќе треба сами проверат што нуди.