Корејски фудбалер се соочува со долг затвор зашто снимал како има секс со две жени!

Јужнокорејскиот репрезентативец, Уи-Џо Хванг, се соочува со четиригодишна затворска казна, откако призна дека снимал секс со две жени и тоа без нивна согласност.

Фудбалерот на Аланијаспор побара од судијата да биде помилостлив, откако првично тврдеше дека е невин.

„Искрено им се извинувам на жртвите кои настрадаа поради моите постапки. Искрено се залагам за попустливост“, изјави 32-годишниот фудбалер.

Скандалот излезе во јавноста минатиот јуни кога сестрата на неговата сопруга објави експлицитни приватни видеа во обид да го уценува. Таа доби тригодишна затворска казна поради уцена во судот во Сеул. Хванг во кариерата, меѓу другите, играше за Бордо, Нотингем Форест, Олимпијакос и Норич.

Во ноември минатата година беше суспендиран од репрезентацијата за која одигра 62 натпревари и постигна 19 голови.